ART GALLERY AND ANTIQUES BEZISTEN

галерија Безистен -Скопје



Уметничка галерија и антикварница Безистен е оснивана 1987 година во Скопје,Македонија. Галеријата е една од најстарите галерии во приватна сопственост во Скопје.Уметничката галерија работи со презентирање на уметници од првата и современата генерација на современото македонско сликарство. Во првата генерација на современото македонско сликарство се веќе починатите сликари кои твореле меѓу двете светски војни, како што се: Лазар Личеновски, Димитар Пандилов, Никола Мартиновски, Томо Владимирски, Љубомир Белогаски, Вангел Коџоман, Ангеле Ивановски и други. Постојано се на продажба дела од постарата ликовна генерација на македонското сликарство, како што се Миле Корубин, Драгутин Аврамовски- Гуте, Димитар Кондовски, Ванчо Георгиевски, Борка Лазевски, Родољуб Анастасов, Трајче Јанчевски и други. Галеријата воедно врши проценка, реставрација и сертифицирање на уметничките дела како што се сликите, скулптурите, графиките и применетата керамика,како и реставрацијана и проценка на икони. До денес има организирано повеќе од дваесет самостојни изложби на автори од македонското сликарство како и на странски автори во Македонија, како што се Божидар Дамјановски, Свето Манев, Миле Корубин, Милица Горњак, Иван Велков, наивна уметност од Војводина, училиштето на селото Ковачица, Мустафа Асим, Драгица Јанева и камерни изложби на други познати современи македонски автори. Во галеријата има избор на копаничари особено од познатата копаничарска охридската школа. Покрај галериската работа, уметничка галерија и антикварница Безистен се занимава со продажба и проценка на антиквитетни предмети како што се: мебелот, огледалата, старото сребро, стари икони, порцелан и слично. Од 1995 година, дејноста на уметничката галеријата се проширува и ние сме генерални застапници за Македонија на германската фирма Rosenthal која го произведува меѓу другото најпознатиот порцелан со дизајнот на Палома Пикасо и Версаче. За љубителите на прекрасниот накит треба да се истакне дека од 2003 година уметничката галеријата е генерален дилер за Македонија за продажба на познатиот светски бренд Thomas Sabo Sterling Silver. Во галеријата и антикварница Безистен посебно место завземаат копиите на византиските икони и на археолошките предмети од неолитот, раниот и доцен хеленистички и римски период и периодот на Византија, пронајдени на археолошките локалитети ширум Македонија. Воедно има и симболи изработени на камен пронајдени на Кокино, мегалитската опсерваторија од ранобронзениот период. Копиите се изработени од различни материјали како што се: камен, дрво, теракота, позлата, бакар, посребро итн.

 

 

 

 

 


Useful information for
travel and vacations.

Macedonian National Gallery

Macedonian National Museum

Places Online

 

почетна | мкн | слики| порцелан | антиквитети | накит | за нас | контакт | Галерија Безистен во Скопје

All rights are reserved ArtGalleryBezisten designed & powered by Creative Workshop