ART GALLERY AND ANTIQUES BEZISTEN

За нас

 

            Уметничка галерија и антикварница Безистен е оснивана 1987 година во Скопје. Галеријата е една од најстарите галерии во приватна сопственост во Скопје. Основач е м-р по историја на уметност и археологија Јаневска Ангелина. Галеријата работи со презентирање на уметници од првата и современата генерација на современото македонско сликарство. Во првата генерација на современото македонско сликарство се веќе починатите сликари кои твореле меѓу двете светски војни, како што се: Лазар Личеновски, Димитар Пандилов, Никола Мартиновски, Томо Владимирски, Љубомир Белогаски, Вангел Коџоман, Ангеле Ивановски и други. Постојано се на продажба дела од постарата ликовна генерација како што се Миле Корубин, Драгутин Аврамовски- Гуте, Димитар Кондовски, Ванчо Георгиевски, Борка Лазевски, Родољуб Анастасов, Трајче Јанчевски и други.
Галеријата воедно врши проценка, реставрација и сертифицирање на уметничките дела како што се сликите, скулптурите, графиките и применетата керамика.
До денес има организирано повеќе од дваесет самостојни изложби на автори како што се Божидар Дамјановски, Свето Манев, Миле Корубин,  Милица Горњак, Иван Велков, наивна уметност од Војводина, училиштето на селото Ковачица, Мустафа Асим, Драгица Јанева и камерни изложби на други познати современи македонски автори.
Во галеријата има избор на копаничари особено од познатата копаничарска охридската школа.
Покрај галериската работа, се занимаваме со продажба и проценка на антиквитетни предмети како што се: мебелот, огледалата, старото сребро, стари икони, порцелан и слично.
Од 1995 година, дејноста на галеријата се проширува и ние сме генерални застапници на германската фирма Rosenthal која го произведува меѓудругото најпознатиот порцелан со дизајнот на Палома Пикасо и Версаче.
За љубителите на прекрасниот накит треба да се истакне дека од 2003 година галеријата е генерален дилер за Македонија за продажба на познатиот светски бренд Thomas Sabo Sterling Silver.

 

 

 

 

 


Useful information for
travel and vacations.

Macedonian National Gallery

Macedonian National Museum

Places Online

 

почетна | мкн | слики| порцелан | антиквитети | накит | за нас | контакт | Галерија Безистен во Скопје

All rights are reserved ArtGalleryBezisten designed & powered by Creative Workshop