За Розентал
Розентал означува убавина и перфекција до највисоките стандарди, и ништо повеќе и ништо помалку. Самото име го отелотворува современиот дизајн и уметноста во порцеланот и стаклото, а што е уште поважно: Розентал значи луксуз, стил на живеење и особено естетско доживување- за продукти без кои софистицираната култура на поставување на масата и современите ентериери не можат да се замислат.
Чувството за традиција здружено со авандгардното е главниот принцип на светски водечката компанија. Искуството собирано преку 125 годишното постоење на компанијата, желбата за иновација и цврстата соработка со најдобрите светски дизајнери, архитекти, уметници, занаетчии и славни личности го гарантираат успехот на оваа екслузивна философија на компанијата.
Арт галерија и антикварница Безистен (компанија Мадона 95 дооел Скопје) е генерален застапник за Розентал уште од 1995 година.
|








Useful information for travel and vacations.
Macedonian National Gallery
Macedonian National Museum
Places Online
|